Македонскиот ИТ-пазар тежи 165 милиони долари

Bez autora
Jul 25 2010

Македонија има влада која силно го подржува развојот на информатичкото општество, што се покажа и со ширењето на пазарот на информатички технологии (ИТ) минатата година. Тоа е спротивно на глобалниот економски пад, што ја донесе Македонија на четврто место помеѓу јадранските земји, што е историски висок пласман. Во годинашната студија на ИДЦ Адријатик", се наведува дека во 2009 година македонскиот ИТ-пазар тежел 164,48 милиони американски долари, што е пораст за 1,8 проценти во однос на претходната година. Растот на ИТ-пазарот во Македонија може да му се препише на напливот на државно трошење во овој сектор. Особено на набавката на 72.000 лаптопи за образовниот сектор и во неколку проекти кои бараат интензивна употреба на информатичката технологија. Истовремено, трошењето на ИТ во остатокот на реалниот сектор и во домаќинствата беше силно погодено од економското опаѓање.

Македонскиот ИТ-пазар тежи 165 милиони долариМакедонија има влада која силно го подржува развојот на информатичкото општество, што се покажа и со ширењето на пазарот на информатички технологии (ИТ) минатата година.

Тоа е спротивно на глобалниот економски пад, што ја донесе Македонија на четврто место помеѓу јадранските земји, што е историски висок пласман. Ова е оценката на Александар Угриноски, локален претставник на компанијата ИДЦ Адријатик", која ги испитува ИТ-пазарите. Во годинашната студија на ИДЦ Адријатик", се наведува дека во 2009 година македонскиот ИТ-пазар тежел 164,48 милиони американски долари, што е пораст за 1,8 проценти во однос на претходната година.

Извршниот директор на "ИДЦ Адријатик", Борис Зитник, посочува дека Македонија беше меѓу ретките земји кои не ги искусија острите кратења во трошењето на информатичките технологии минатата година.

- Растот на ИТ-пазарот во Македонија може да му се препише на напливот на државно трошење во овој сектор. Особено на набавката на 72.000 лаптопи за образовниот сектор и во неколку проекти кои бараат интензивна употреба на информатичката технологија. Истовремено, трошењето на ИТ во остатокот на реалниот сектор и во домаќинствата беше силно погодено од економското опаѓање - вели Зитник.

Во студијата наведуваат дека технолошките трендови во Македонија варирале во 2009 година. Додека продажбата на десктоп-компјутерите, системите и серверите се намалува секоја година, купувањето на лаптопи, трошењето на ИТ-услуги, на одржување и на лиценцирање го движеле македонскиот ИТ-пазар. Приходите од ИТ-услуги пораснале за 15,8 проценти во споредба со претходната година, продажбата на софтвер имала раст од 8,2 проценти, а на хардвер се намалила за 4,3 проценти.

- Според тоа уделот на ИТ-услугите во вкупниот ИТ-пазар во земјата се зголеми за 3,1 процент на 25,6, на софтверот за 0,7, а пак уделот на хардверот се намали за 3,9 процентни поени од претходната година - се вели во студијата.

Постигнувајќи ИТ-потрошувачка од 79 долари по глава на жител во 2009 година, Македонија постигна 9,5 проценти од просекот на ЕУ (832 долари). Земјата се влечка зад јадранските земји - Словенија (450 долари) и Хрватска (248 долари) и е блиску до Србија (96 долари), а пред Босна и Херцеговина (35 долари).

Од ИДЦ Адријатик" очекуваат трошењето на ИТ во Македонија во 2010 година да опадне за 12,1 процент, од највисоката точка во 2009 година.

- Во период од пет години се очекува ИТ-пазарот да продолжи да расте со годишна стапка од 5,2 проценти и да достигне 212 милиони долари во 2014 година - се потенцира во студијата на ИДЦ Адријатик".

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik